Одбојкарите на Вардар освоија нови бодови во Првата лига откако лесно и убедливо славеа на гостувањето против Дебар со максимални 0-3 во сетови. „Црвено-црните“ не дозволија опуштање во своите редови, па со максимално сериозен пристап стигнаа до заслужена убедлива победа.
Доминацијата почна уште во првиот сет, во кој Вардар наметна силно темпо од самиот почеток и триумфираше со 15-25. Особено импресивно нашиот тим делуваше во вториот сет, во кој на домашните одбојкари им беа препуштени само четири поени (4-25). Третиот сет мина во нешто поизрамнета борба, во која „вардарци“ рутински триумфираа со 19-25.
Возбудувањата во Првата лига продолжуваат веќе в сабота, кога Вардар со почеток во 12 часот ќе го пречека тимот на Лирија.