Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Во С.Ц. Борист Трајковски избраниците на Брестовац убедливо ја победија селекцијата на Финска со резултат 33:24.
Македонија во текот на целиот натпревар имаше предност и ниту во еден момент не беше загрозен триумфот. Противникот во првите десет минути одржуваше резултатска рамнотежа, но со серија на погодоци Македонија се одлепи на солидна разлика. На полувреме нашата репрезентација имаше позитива од 16:10.
На стартот од вториот дел го зголемивме водството на седум голови, а во еден момент Финска успеа да ја смали негативата на пет голови. Сепак Македонија беше многу поквалитетна на овој натпревар и на крајот заслужено победи.
Од вардаровите играчи во листата на стрелци се запишаа Стоилов со 1 гол, над вардаровиот капитен беа направени и неколку фаули за седмерци кои успешно ги реализираше Кирил Лазаров кој со 11 голови беше најефикасен. Филип Талески постигна два гола, додека еден запиша и Гоце Георгиевски.