После пауза од две недели продолжуваат натпреварите од 11.коло во ПМФЛ. Откако минатата недела беше донесена одлука за тестирање на играчите на 72 часа пред почетокот на секој натпревар, а на трошок на клубовите, вчера на седница на владата оваа одлука беше отстранета.
ФФМ ги одреди термините за 11.коло во најсилната македонска фудбалска лига. Својот натпревар, Вардар ќе го одигра во сабота (07:11) против екипата на Струга Трим Лум. Дуелот е закажан да стартува од 13:30 часот на градскиот стадион во Струга.
Судиската тројка останува иста за овој дуел. Ѓоргиев Крумислав ( Штип) е главен судија, додека негови помошници ќе бидат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран исто така од Штип. За четврти судија е назначен Стојанов Стојанче (Штип).