Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Или/Или“ со близначките Коцеви од кадетскиот тим на ЖРК Вардар
„Или/Или“ со близначките Коцеви од кадетскиот тим на ЖРК Вардар

„Или/Или“ со близначките Коцеви од кадетскиот тим на ЖРК Вардар

За жал се уште нема одлука за старт на младинските ракометни лиги, дел од кадетскиот тим на Вардар се сестрите близначки Коцева Борјана и Бојана Коцева. Станува збор за девојки со голем потенцијал едни од главните полуги на тимот кој го предводат Платон и Папуџиева. Бојана доби прилика оваа есен да настапува за сениорите каде одлично се адаптираше. Девојката со најголем потенцијал за напредок, Борјана се очекува во догледна иднина да добие иста прилика.

k4

Во продолжение ви носиме забавни содржина со овие две млади дами кои ќе ги запознаеме делумно преку 30 „или/или“ прашања на кои тие ни доставија одговор. Истите се за спорт и други интересни теми за овие два „бисера“ на црвено-црниот ракометен женски тим.

*Скок-шут и ефектен гол или влез и атракција?
- Борјана: Влез и атракција
- Бојана: Атракција по одличен влез

*Повеќе сакаш да си невидлива или супер брза?
- Борјана: Невидлива
- Бојана: Супер брза
-
*Повеќе посакуваш да можеш да присуствуваш на создавањето на планетата или нејзиниот крај?
- Борјана: Создавањето на земјата 
- Бојана: На  создавањето на планетата

*Ранобудник или „ноќна птица“?
- Борјана: Ранобудник
- Бојана: Ноќна птица

*Да можете дали  би го смениле минатото или би ја  виделе иднината?
- Борјана: За ова навистина немам одговор
- Бојана: Исто и јас

*Ако мораш да бираш нова позиција: пикер  или крило?

- Борјана: Пикер
- Бојана: Крило би била

*Филм или серија?
- Борјана: Серија
- Бојана: Секако серија

*Летување или зимување?
- Борјана: Сакам летувања
- Бојана: Летување

k2

*Дали би одбрале еден живот од 1000години или 10 различни по 100 години?
- Борјана: 10 различни по 100 години затоа што ќе биде интересно
- Бојана: Поинтересно би било 10 различни животи, секој по  100 години 

*Понуда за ангажман во странство или покана за А-селекција на Македонија?
- Борјана: Покана за А-селекција на Македонија, тоа  ни е сон и на двете
- Бојана: Се рабира исто како Борјана на ова прашање, без дилема

*Посета на европска метропола или егзотична дестинација?
- Борјана: Дефинитивно, егзотична дестинација
- Бојана: Егзотична дестинација е мојот избор

*Еден месец без мобилен или без ракомет?
- Борјана: Без мобилен секако, тоа се подразбира
- Бојана: Без мобилен

* Искреност или претпазливост ?
- Борјана: Искреност на прво место
- Бојана: Искреност секогаш

* Има 5.секунди до крај, реми, повеќе сакаш ти се даде шанса да го решиш мечот од пенал или „очи во очи“?
-Борјана: Очи во очи
-Бојана: Ситуација „очи во очи“ со голманот 

*Стоилов или Калараш?

-Борјана: Калараш
-Бојана: Стоилов

*Хорор филм или комедија?
- Борјана: Комедија
- Бојана: Секако комедија без дилема

*Италијанска храна или мексиканска?
- Борјана: Мексиканска
- Бојана: Апсолутно италијанска кујна

*Роденден, мала забава или голема журка?
- Борјана: Мала забава  е мојот избор
- Бојана: Мала забава 

k

*Тик-ток или инста
- Борјана: Тик-ток
- Бојана: Инста

* Интернет купување или купување во продавница?
- Борјана: Купување во продавница е секогаш по сигурно
- Бојана: Во продавница купување

*Фустан или панталони?
- Борјана: Панталони
- Бојана: Јас сум за фустан

*Тетоважи или пирсинг?
- Борјана: Секако пирсинг
- Бојана: Пирсинг

*Куќа покрај море или на планина?
- Борјана: Покрај вода, море, океан, па и езеро
- Бојана: Покрај море

*Кардио тренинг  или тегови/теретана?
- Борјана: Кардио ни е омилено
- Бојана: Кардио

k3

*Скокање со падобран или скок „банџи“?
- Борјана: Со падобран
- Бојана: Скок со  падобран 

*Игри со Стратегија или загатка?
- Борјана: Хм, стратегија
- Бојана: Стратегија

*Патувања со авион или автомобил?
- Борјана: Автомобил
- Бојана: Авион

k6

*Забавен парк или историски места?
- Борјана: Посета на историски места и зданија
- Бојана: Забавен парк

*Најважно кај партнерот: интелигентен или забавен ?
- Борјана: Секако  двете
- Бојана: Не може едно без друго

*Maскенбал забава или забава на базен?
- Борјана:Забава на базен
- Бојана: Забавата на базен е далеку  поинтересна