По еднонеделна пауза, повторно овој викенд се враќаат возбудувањата во ПМФЛ. Во ова коло, тимот на Вардар гостува во градот Струга кај тимот на Струга Трим Лум. Овој натпревар на овие две екипи наместо во недела ќе биде одигран ден порано, односно во сабота од 13:30 часот.
Добрата вест за Васоски е таа што за дуелот во сабота се враќаат во комбинација двајцата многу важни играчи. Цветаноски го победи корона вирусот, додека пак Чарлестон ја надмина ситната повреда. Со нив двајца, значително ќе добие на квалитет одбраната, односно нападот на тимот.
Судиската тројка останува иста за овој дуел. Ѓоргиев Крумислав (Штип) е главен судија, додека негови помошници ќе бидат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран исто така од Штип. За четврти судија е назначен Стојанов Стојанче од истиот град.