Нерешен резултат и на вториот контролен дуел меѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора до 17 години.
Попладнево во Подгорица двете репрезентации го одиграа и вториот пријателски натпревар, кој заврши со резултат 1:1. Избраниците на Канатларовски први успеаа да го отворат резултатот и да имаат предност од 0:1 по првото полувреме, сепак во вториот дел противникот израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.
Во стартниот состав на Македонија настапија и двајца вардарови играчи. Се работи за Давид Љушев и Бесар Гуџуфи. Во игра во вториот дел влегоа уште и Георг Стојановски, Левент Ибраим и Максим Милошевски.
Сите споменати играчи претстојниов викенд имаат настапи со Вардар. Љушев, Ибраим и Милошевски се дел од пионерите, додека Гуџуфи и Стојановски ќе настапат за младинците во дуелите од 2.коло против екипата на Ренова.