Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи во сабота домаќини на Ренова, кадетите и младинците во недела гостуваат во Тетово
Пионерските екипи во сабота домаќини на Ренова, кадетите и младинците во недела гостуваат во Тетово

Пионерските екипи во сабота домаќини на Ренова, кадетите и младинците во недела гостуваат во Тетово

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите од 2.коло во младинските фудбалски лиги. Истото беше одложено минатиот викенд, но од ФФМ најавија дека натпреварите ќе продолжат. Противник за младите екипи на Вардар е тимот на Ренова.

Најпрво во сабота на теренот на Академијата, пионерските екипи се домаќини на Ренова. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела на игралиштето на АМС СЦ Тетово, своите дуели ќе ги одиграат кадетите и младинците на Вардар. Најпрво од 09:00 својот натпревар ќе го одиграат кадетските екипи, додека во 11:00 часот ќе стартуваат и младинците.

По првото коло, сите екипи на Вардар се со максимални 3 освоени бодови.