Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ѓурковски, Величковиќ и Крстевски повикани за Македонија У19
Ѓурковски, Величковиќ и Крстевски повикани за Македонија У19

Ѓурковски, Величковиќ и Крстевски повикани за Македонија У19

Македонската репрезентација до 19 години на 10. и 12. ноември во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата до 19 години на Црна Гора. Двата натпревари се закажани на стадинот во Ѓорче Петров.

Селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани, за овие натпревари повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Александар Ѓурковски, Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски,

Првиот натпревар на 10. ноември (вторник) ќе започне во 13:00 часот, додека возвратниот меч на 12. ноември (четврток) е со почеток во 11:00 часот.