Бронза на силниот Меѓународен турнир во борење „Гран-при Москва – турнир на легионери“ на нашиот репрезентативец, вардарецот Могамедгаџи Нуров.
Борачот на Вардар во борбата за бронзениот медал го совлада турскиот борач Ибрахим Џивчи со 5-0. Нуров демонстрира добра форма пред Светското првенство во Србија. Очигледно стручната работа на Гајдар Гајдаров и нашиот Могамед Ибрагимов вродува плод. Олимпиецот има одлична напреварувачка форма во моментов.