Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на 2.коло во младинските лиги, Вардар останува максимален
Преглед на 2.коло во младинските лиги, Вардар останува максимален

Преглед на 2.коло во младинските лиги, Вардар останува максимален

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до победи и во 2.коло. Нашите млади надежи излегоа како победници на сите четири натпревари против екипата на Ренова.

Најубедливата победа ја забележаа помладите пионери кои на домашен терен високо го победија тимот на Ренова со резултат 11:0. Полесно од очекувањата избраниците на Стефановски го победија својот противник. Никола Величковски четири пати ја тресеше мрежата на противникот, додека два гола беа за Горјан Цветков. По еден гол постигнаа Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Арбин Курти, Лука Јакимовски и Стефан Ристовски.

2.коло во помладата пионерска супер лига:

Академија Пандев – Брегалница  2:1

Шкупи – Пелистер  4:2

Македонија Ѓ.П – Победа  1:4

Њу Старс – Куманово Еуроспорт  6:1

Вардар – Ренова  11:0

Работнички – Шкендија  1:2

Пионерите исто така стигнаа до вториот триумф сезонава. Иако Ренова даде силен отпор, сепак на крајот бодовите ги освои Вардар. Со головите на Стефан Стојановски и Огнен Здравковски, момците на Рап-Тап славеа победа со резултат 2:1.

2.коло во пионерската супер лига:

Академија Пандев – Брегалница  2:0

Шкупи – Пелистер 2:1

Македонија Ѓ.П – Победа  0:2

Њу Старс – Куманово Еуроспорт  13:0

Вардар – Ренова  2:1

Работнички – Шкендија  2:1

Победничко коло имаа и кадетите кои славеа на гостувањето кај Ренова. Избраниците на Филип Ивановски славеа со резултат 1:4, по два гола беа дело на Филип Ѓоргоски и Георг Стојановски.

2.коло во кадетската супер лига:

Брегалница – Академија Пандев  1:2

Пелистер – Шкупи  3:1

Победа – Македонија Ѓ.П  4:0

Куманово Еуроспорт – Њу Старс  2:4

Ренова – Вардар  1:4

Шкендија – Работнички  4:1

Успешното коло го заокружија младинците кои исто така славеа на гостувањето во Тетово. Со два гола на Антонио Мирков и по еден на Бесар Гуџуфи и Ринор Исени, црвено-црните славеа победа со резултат 0:4.

2.коло во младинската супер лига:

Брегалница – Академија Пандев  2:1

Пелистер – Шкупи  1:0

Победа – Македонија Ѓ.П  2:2

Куманово Еуроспорт – Њу Старс  1:1

Ренова – Вардар  0:4

Шкендија – Работнички  6:1