Вечерва со почеток од 18:45 часот во С.Ц.Јане Сандански, Вардар е домаќин на Киелце, на натпревар од 7.коло во Лигата на Шампионите. Полскиот тим се наоѓа во Скопје каде вечерва ќе ги одмери силите со нашиот Шампион.
Во составот на Киелце се наоѓа и Игор Карачиќ, миленикот на вардаровите навивачи, играч кој остави голем „белег“ во Вардар, клуб со кој освои и две ЕРвропски титули. Сепак вечерва, Карачиќ ќе биде на спротивната страна, односно ова е негов втор настап против Вардар. Какви се неговите очекувања од натпреварот можете да прочитате во продолжение.
-Ако сакаме да го освоиме првото место во групата, тогаш ќе мора да победуваме на овие средби. Ги гледавме и ги анализиравме натпреварите на Вардар, посебно оној против Флензбург каде одбраната во која учествуваше и Дибиров делуваше доста добро. Имам многу пријатели во Скопје, знам за каков тим се работи и кој е лидер. Вардар има неверојатна одбрана. Знам дека не чека тежок меч, ама како и да е, јас ги сакам тие тешки дуели“
Талат Душебаев упати комплименти за Вардар, истакнувајќи дека најголемата предност на Киелце е тоа што дуелот ќе се игра без навивачи, кои се најголемата предност на Европскиот Шампион.
-„Костурот“ на тимот е ист, тактиката на Вардар исто така е слична. Само некои од играчите ги променија улогите. Вардар се бори и игра добар ракомет. Мислам дека нивната цел е повторно да играат на Ф4. Се работи за солиден тим. Одиграа добар натпревар против Флензбург, загубија тесно со Мешков Брест. Најголемата предност на Вардар се одличните фанови. Секогаш е тешко да се игра во Скопје, но сега кога нема публика нашите шанси се поголеми.