Во сабота, во рамките на 12.коло од ПМФЛ, Вардар гостува во Велес кај екипата на Борец.
ФФМ ги одреди судиите за натпреварот кој ќе се одигра на градскиот стадион во Велес. За главен судија е одреден Марјан Маркоски ( Охрид), додека негови помошници ќе бидат Симон Грданоски (Струга) и Ацо Мацевски (Струга)
Натпреварот ќе стартува од 13:00 часот.