Викендов ќе се одигра само еден натпревар од шестото коло во Првата лига, и тоа меѓу KK Вардар и ТФТ. Ова за црвено-црните е прв настап сезоната, тие во изминатите пет кола поради позитивни од Ковид-19 не одигаа ниту еден дуел.
КФСМ немаше многу избор мораше да одложи пет мечеви. Дел од клубовите имаат позитивни на Ковид-19, дел имаат членови кои се во карантин во Талин, дел имаат играчи кои отпатуваа во естонскиот град, но поради превенција се надвор од терените и наскоро треба да направат Ковид тест, па потоа да им се приклучат на своите клубови.
Дуелот на избраниците на Александар Јованчев против екипата на ТФТ е закажан за утре, сабота (05/12/2020) со почеток во 17:00 часот. На мечот во „Кале“ судиската правда ќе ја делат Павлов и Давидов.