Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски отворено во емисијата „Вар во Офсајд“ говореше за проблемите со кои се соочува најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
„Ситуацијата е лоша. Морам да зборувам искрено, бидејќи дојдено е веќе 5 до 12. Фудбалерите немаат три месеци земено плата. Сопственикот е во некои проблеми кои на приватен план го тиштат, Град Скопје покажува тотална незаинтересираност за клубот. Вардар е оставен сам на себе…“ , вели Васоски.
Целата емисија „Вар во Офсајд“ можете да ја погледнете ТУКА.