Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар утре конечно со прв меч сезонава, домаќини сме на ТФТ
КК Вардар утре конечно со прв меч сезонава, домаќини сме на ТФТ

КК Вардар утре конечно со прв меч сезонава, домаќини сме на ТФТ

Викендов ќе се одигра само еден натпревар од шестото коло во Првата лига, и тоа меѓу KK Вардар и ТФТ. Ова за црвено-црните е прв настап сезоната, тие во изминатите пет кола поради позитивни од Ковид-19 не одигаа ниту еден дуел.

КФСМ немаше многу избор мораше да одложи пет мечеви. Дел од клубовите имаат позитивни на Ковид-19, дел имаат членови кои се во карантин во Талин, дел имаат играчи кои отпатуваа во естонскиот град, но поради превенција се надвор од терените и наскоро треба да направат Ковид тест, па потоа да им се приклучат на своите клубови.

Дуелот на избраниците на Александар Јованчев против екипата на ТФТ е закажан за утре, сабота (05/12/2020) со почеток во 17:00 часот. На мечот во „Кале“ судиската правда ќе ја делат Павлов и Давидов.