Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се одиграа два натпревари во групата А, официјално и одложени дуелите на Вардар со Порто и ПСЖ
Се одиграа два натпревари во групата А, официјално и одложени дуелите на Вардар со Порто и ПСЖ

Се одиграа два натпревари во групата А, официјално и одложени дуелите на Вардар со Порто и ПСЖ

Во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари во рамките на групата А од Лигата на Шампионите, во која се натпреварува и Вардар.

Екипата на Фленсбург стигна до победа во дуелот со Пик Сегед (26:24). Гледавме рамнопрвно прво полувреме (11:10), во кое и двете екипи не успеаа да се одлепат резултатски. Во вториот дел, домашниот тим стигна до пет гола позитива, што беше решавачко за конечниот победник. Кај победникот се истакнаа Готфридсон и Јоханесен кои постигнаа по 6 голови, додека кај Пик Сегед најдобри стрелци беа Бодо и Радивојевиќ кои имаа 6 погодоци.

На другиот натпревар, Брест Мешков на домашен терен беше поуспешен од екипата на Елверум (29:27). Триумфот на белорусите дојде со пресврт во вториот дел, откако на полувреме имаа негатива од два гола (15:17). Шумак со 6 и Шкурински со 5 голови беа предводници кај Брест Мешков, кај поразениот, првата „ѕвезда“ на екипата, Лук Абало имаше 5 голови.

Поради позитивни на Ковид-19, натпреварите на Вардар против екипите на Порто и ПСЖ и официјално се одложени, а ЕХФ во договор со клубовите треба да објави нови термини за овие дуели.

На табелата, лидер е екипата на Киелце, додека втор е Фленсбург.

rk-vardar