Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар пропушти шанса за три бода и одигра само 1:1
Вардар пропушти шанса за три бода и одигра само 1:1

Вардар пропушти шанса за три бода и одигра само 1:1

Вардар одигра само 1:1. Велиме само 1:1, бидејќи ,,црвено – црните” пред крајот на дуелот имаа две супер шанси за 0:2, но ја погодија конструкцијата од голот на домаќинот.

По првиот дел немаше промени на почетниот резултат, иако Вардар имаше неколку добри шанси да го отвори резултатот, па дури и да го удвои. Цветаноски Матеј беше расположен за игра во првиот дел со дриблинзи, но изостануваше реализацијата. Во првиот дел токму преку овој фудбалер Вардар имаше две големи шанси, откако во соло акции младиот офанзивец направи се, освен завршницата. За одблежување беше и шансата кон средината на првиот дел, кога Мартинага упати добра топка до Петковски, кој за малку не ја зафати и не постигна погодок. Домаќинот во првиот дел имаше една добра шанса и тоа преку Дарбо, кој биеше за малку покрај голот на Илиќ.

Во вториот дел Вардар тргна поофанзивно, додека пак противникот ја контролираше средината на теренот. До средината на вториот дел немаше конкретни шанси на двете страни. Кон последната третина од дуелот во игра влезе Мицевски и одма се осети неговото присуство. Токму над Мицевски беше направен пенал во 77.минута. Мицевски ја зеде топката и биеше силно по средината на голот за 0:1. Кон крајот на дуелот Вардар сам се казни. Во серија две стативи имаа Мирчевски, а потоа и Цветаноски од само неколку метри, сам. Следуваше казна на спротивната страна преку Дарбо за 1:1. Навистина голема штета, Вардар сам се казни на овој дуел и не освои три бода.