Денес, сабота (26.декември), КК Вардар ќе одигра нов дуел од есенскиот дел во Првата лига. Домаќини сме на тимот на Евро Никел 2005. Момците на Јованчев Александар ќе се обидат да врзат две победи по ред во лигата, откако оваа недела ја впишаа првата победа. Ривалот има досега три победи на исто така пет одиграни дуели колку што имаме и ние во првенството.
Натпреварот во малата сала „Кале“ кој ќе се игра во 17:00 часот ќе го судат: Цветаноски, Антовски и Митев.