Реномираниот портал за ракомет „„Хендбол планет“ го објави најдобриот тим на декадата. Во изборот учествуваа по тројца играчи на секоја позција, а гласаа фановите на социјалните мрежи, потоа тренери, ракометни легенди и новинари од различни краеви на светот.
Во идеалниот тим на декадата место имаше и за еден играч од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров кој е прогласен за најдобро лево крило. Легендата на македонскиот ракомет и капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го понесе признанието за најдобар десен бек во светот.
Вака изгледа најдобриот тим на светот:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило: Лук Абало (Елверум)
Голман: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец: Виран Морос (ПСЖ).
Изборот за најдобар играч падна на Никола Карабатиќ (ПСЖ).