Вчера, тимот на КК Еуро Никел славеше на гости кај Вардар, напреварот одигран во малата сала при СРЦ „Кале“ заврши со победа за гостинот со резултат 68-94. По овој шестти дуел оваа есенска полусезона, тимот на Александар Јованчев е во долниот дел на табелата со скор 1-5.
Еуро Никел имаше потполна контрола на вчерашниот дуел, затоа што го држеше резултатот во своја корист во сите четири периода. На одмор заминавме со двоцифрена негатива, на полувреме беше 36-46 за кавадарчани. Следеше третиот изедначен дел, последниот период убедливо припадна на гостите.
Најдобар кај победникот беше Казарновски со 24 поени, а Мијатовиќ додаде 19 поени, додека кај Вардар најдобри стрелци беа Дујковиќ и Лефкоски со по 16 постигнати поени.