Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Комити > Уште една успешна хуманитарна акција на Комити, „Подари срце, измами насмевка“
Уште една успешна хуманитарна акција на Комити, „Подари срце, измами насмевка“

Уште една успешна хуманитарна акција на Комити, „Подари срце, измами насмевка“

Најдобрата навивачка група, популарните „Комити“ продолжија со традицијата, да донираат за оние кои најмногу им е потребно. Под мотото “Подари срце – Измами насмевка” Комити ќе донесат радост на многу дечиња. Во продолжение ви го пренесуваме во целост нивното соопштение.

Како и секоја предходна година, ние нашето го направивме, можеби е незначително но нашето задоволство е дека барем за момент успеавме да предизвикаме насмевка од оние чии насмевки се најдрагоцени и бесценети.
Годинешната акција под мотото “Подари срце – Измами насмевка” е повеќе од успешна ! Собрани се стотици пакетчиња и разни други подароци кои веќе се пристигнати на предвидените адреси. Успехот немаше да биде до толку голем, доколку не бевте сите вие кои дарувавте и ја поддржавте акцијата, но и вие кои не можевте да подарите ништо повеќе од вашите срца. За тоа во името на сите оние насмеани деца кои барем за момент ги поштедивме од секојдневието исполнето со тажни вести, но и во наше име што ја поддржавте нашата акција, ви испраќаме огромно БЛАГОДАРАМ !
133868499_3576585089062417_3677815764987410709_o
Оваа година вашите и нашите срца беа со сите вас, а даровите пристигнаа на следните адреси:
- Центарот за бездомници во Чичино село (Скопско)
- Мали групни домови за деца без родители “25 Мај Скопје”
- Клиника за детски болести
- Асоцијација за правата на децa и младинци со посебни потреби „Ластовица“(поддржано од Комити Драчево ) и
- Центар за бездомници – Визбегово
Продолжуваме со нашите активности, следна на календарот е Крводарителната акција закажана за Вторник, 29-ти Декември во Даре Џамбаз.
Срцата наши за вас чукаат !