Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров е најдоброто лево крило во светот, според изборот на „Хендбол планет“
Тимур Дибиров е најдоброто лево крило во светот, според изборот на „Хендбол планет“

Тимур Дибиров е најдоброто лево крило во светот, според изборот на „Хендбол планет“

Реномираниот портал за ракомет „„Хендбол планет“ го објави најдобриот тим на декадата. Во изборот учествуваа по тројца играчи на секоја позција, а гласаа фановите на социјалните мрежи, потоа тренери, ракометни легенди и новинари од различни краеви на светот.

Во идеалниот тим на декадата место имаше и за еден играч од редовите на Вардар. Се работи за Тимур Дибиров кој е прогласен за најдобро лево крило. Легендата на македонскиот ракомет и капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го понесе признанието за најдобар десен бек во светот.

Вака изгледа најдобриот тим на светот:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило: Лук Абало (Елверум)
Голман: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец: Виран Морос (ПСЖ).

Изборот за најдобар играч падна на Никола Карабатиќ (ПСЖ).