Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фудбалерите нема да тренираат и понатаму
Фудбалерите нема да тренираат и понатаму

Фудбалерите нема да тренираат и понатаму

Фудбалерите на ФК Вардар нема да тренираат и понатаму, иако постоеше најава за нивно активирање.

Денешниот состанок со нив во Академијата на ФК Вардар се одржа, а според информациите до кои дојде ,,Вардар Фанс”, фудбалерите ќе чекаат до среда, кога е најавено и исплаќање на неколку плати. До тогаш, сите ќе мируваат и ќе чекаат подобри денови.

Кога сме кај играчкиот кадар, Мики Петровиќ и Филип Петковски го напушаат шампионот. И двајцата не се појавија на денешниот состанок во Академијата. Покрај нив двајца, да напишеме дека се појавија Блажевски, Велкоски, Лазаревиќ и Најденов од поискусните.

Останува и ние како нив да чекаме и да се надеваме на подобри денови во ФК Вардар.