Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Следниот противник на Вардар има нов тренер, Тамше ќе дебитира за Нексе токму во дуел со нашиот шампион
Следниот противник на Вардар има нов тренер, Тамше ќе дебитира за Нексе токму во дуел со нашиот шампион

Следниот противник на Вардар има нов тренер, Тамше ќе дебитира за Нексе токму во дуел со нашиот шампион

Екипата на Нексе ќе биде следен противник на Вардар во СЕХА-лигата. Вицешампионот на Хрватска од вечера има и нов тренер. Со оглед дека Хрвоје Хорват беше назначен за нов селектор на хрватската репрезентација, Нексе експресно најде негова замена.

Се работи за Бранко Тамшецкој во иднина ќе го предводи Нексе. Се работи за поранешен тренер на Горење и Целје ПЛ, како и на екипата на ППД Загреб.

Натпреварот на Вардар и Нексе ќе се одигра во понеделник со почеток од 20:15 часот во С.Ц. Јане Сандански.