Утре на програмата е натпревар од второто коло во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Нексе. Познато е дека црвено-црните со триумф ја стартуваа сезоната во ова натпреварување, откако во истава сала ја победија екипата на Војводина.
Нексе е добро познат противник, со оглед дека секоја сезона е дел од регионалното натпреварување. Вицешампионот на Хрватска има и нов тренер, па сигурно дека ќе пристигнат во Скопје со мотив да остварат позитивен резултат. Нивните меѓусебни дуели секогаш носат неизвесност и квалитет. Во пресрет на дуелот со Нексе, своите очекувања ги споделија Тимур Дибиров и Ловро Јотиќ.
Очекувам тежок натпревар против Нексе, затоа што последен пат не одигравме добро и на начин на кој посакуваме. Сега сакаме да покажеме друго издание за разлика од почетокот на сезоната. Дали е предност или не, што Нексе има нов тренер, и дали ќе има промени на играта. Ние сме подготвени на старата тактика, но сигурно дека ќе има нешто ново од стилот на Тамше. Не очекува квалитетен натпревар, но наша работа е да го наметнеме нашиот стил на игра и на секој натпревар да стануваме се подобри. Среќни сме што сме на терен, за нас секој меч е големо задоволство затоа што за нас како спортисти тоа е многу важно. Со нетрпение го чекаме дуелот со Нексе за да видиме до кај сме”, истакна Дибиров.
Драго ми е затоа што сме пак заедно, репрезентативците се вратија, го чекаме уште Чупиќ кој ќе пристигне наскоро. Немаме проблеми со повреди, освен со Дисингер, но знам дека ќе заздрави брзо. Не чека натпреварот со Нексе, доаѓањето на новиот тренер нема да промени премногу, само два дена е со тимот. Се познаваме со нив, тие знаат за нас скоро се, Нексе е квалитетна екипа. и сигурен сум дека ќе следи еден интересен натпревар што ќе биде добра увертира за ЛШ”, изјави Јотиќ.
Натпреварот ќе се одигра од 20:15 часот, од истиот можете да проследите директен преност на МТВ.