РК Вардар потврди дека Анте Кудуз од следната сезона ќе игра во дресот на црвено-црните. Во веста уште наведуваат:
Од следната сезона на позицијата лев бек во тимот на Вардар 1961 ќе игра хрватскиот интернационалец Анте Кудуз (25). Македонскиот првак потпиша двегодишен договор со Кудуз и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година.
Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде настапува и лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од ЛШ, во група Д. Со екипата избори пласман во осминафиналето на ЛШ, но беа откажани натпреварите и административно се одредиа тимовите за Ф4.