Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го одржа првиот тренинг, со „староседелците“ и голем број на младинци
Вардар го одржа првиот тренинг, со „староседелците“ и голем број на младинци

Вардар го одржа првиот тренинг, со „староседелците“ и голем број на младинци

Денес на теренот на Академијата, екипата на ФК Вардар го имаше својот прв собир и тренинг во пресрет на стартот од пролетниот дел од ПМФЛ. Иако доцна, сепак црвено-црните денес за прв пат тренираа во новата година, а за неколку дена ги очекува дербито со екипата на Пелистер. Познато е дека предводник на тимот ќе биде Никола Илиевски-Џиџи, додека негови помошници се Златко Таневски, Бобан Грнчаров, Филип Ивановски и Никола Глигоров.

Вардар ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во најсилната македонска лига, со оглед дека тимот го напуштија неколку искусни играчи. Сепак ќе мора да „скрпиме“ некаков состав во пресрет на натпреварите од пролетниот дел. Во тимот останаа Велковски, Илиќ, Најденов, Мирчевски, Игески, Блажевски, Петковски, Лазаревиќ, а тука се и младите Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски и Ѓурковски кои имаа солидна минутажа во првиот дел од сезоната.

На првиот тренер се појавија и голем број на играчи од младинскиот погон. Тука се Георг Стојановски (2004), Лука Стојковски, Гоце Јовчев, Антонио Мирков, Петар Давидовски, Абдулах Хасани, Лео Андрески, Филип Ѓоргоски, Грегори Давков, Филип Ѓорѓиевски, Дарио Јовановски (2003), Анатолиј Петејчук, Иван Мицевски  и Петар Гугуљанов (2002).

Напомена свој настап во црвено-црниот дрес од есенскиот дел, имаа и Стојановски, Стојковски, Ѓоргоски и Петејчук.

ФОТО: Gol.mk