Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ОФИЦИЈАЛНО: Вардар ќе игра во 1/8 финалето на ЛШ, ЕХФ одлучи сите 16 екипи од групите да играат во елиминациската фаза
ОФИЦИЈАЛНО: Вардар ќе игра во 1/8 финалето на ЛШ, ЕХФ одлучи сите 16 екипи од групите да играат во елиминациската фаза

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар ќе игра во 1/8 финалето на ЛШ, ЕХФ одлучи сите 16 екипи од групите да играат во елиминациската фаза

Поради неможноста за навремено да се одиграат натпреварите од групната фаза во Лигата на Шампионите, ЕХФ и официјално донесе одлука сите 16 екипи кои се дел од двете групи да играат во осминафиналето на најголемото натпреварување.

Тоа значи дека Вардар, без разлика на пласманот во групата А ќе обезбеди пласман во 1/8 финалето. Таму ќе се игра по редоследот: 1А-8Б, 2А-7Б, 3А-6Б, 4А-5Б, 5А-4б, 6А-3Б, 7А-2Б. Црвено-црните во моментов се наоѓаат на последното осмо место, кое според правилата кои беа донесени на стартот од сезоната, само екипите кои ќе се пласираат до шесттото место ќе се пласираат во следната елиминациска рунда.

До крајот на групната фаза, Вардар треба да одигра дури уште осум натпревари.