Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со најголем ваучер од 310. 000 евра
РК Вардар со најголем ваучер од 310. 000 евра

РК Вардар со најголем ваучер од 310. 000 евра

Ракометниот клуб Вардар 1961 е добитник на најголем ваучер, од скоро 310.000 евра. Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на спортски клубови кои добија ваучери, а на врвот на ракометните колективи се најде токму нашиот Вардар.

Иако произлегоа информации дека поради промената од еден на друг сопственик и додавката во името, нема Вардар да добие ваучер, сепак тоа не се случи, па поранешниот Европски Шампион доби висока „инјекција“ до крајот на сезоната.

После Вардар, најголем ваучер добија екипите на Еурофарм Пелистер, Металург како и екипата на Пролет.