Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар доби ваучер од 135.000 евра
ФК Вардар доби ваучер од 135.000 евра

ФК Вардар доби ваучер од 135.000 евра

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на клубови кои добија ваучер како помош од државава.

На истата се најде и фудбалскиот клуб Вардар, кој доби 135.000 евра, средства кои ќе им помогнат да ја завршат актуелнава натпреварувачка сезона.

Вардар имаше блокирана сметка, која според најавите веќе одблокирана, па овие финансиски средства ќе легнат на сметката на Вардар.

Од фудбалските клубови најголем ваучер доби Шкендија, потоа  екипата на Шкупи, како и Ренова и Академија Пандев, додека Вардар се најде на петтото место.