Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за елиминациското коло во Купот на Македонија.
Учество ќе земат сите екипи кои се дел од супер лигата и првата ракометна лига, а патникот во четврт-финалните групи ќе биде познат по само еден одигран натпревар.
Вардар за противник го тимот на Текстилец. Термините на одигрување се 24 и 25.февруари, но можно е Вардар својот меч да го одигра во друг термин поради настапот во Лигата на Шампионите.