Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Куп: ЖРК Вардар ги дозна ривалите во 1/4-фин. група
Куп: ЖРК Вардар ги дозна ривалите во 1/4-фин. група

Куп: ЖРК Вардар ги дозна ривалите во 1/4-фин. група

Денес во просториите на РФМ, беа извлечени ¼-финалните групи за женскиот Куп на Република Македонија. Има 4.групи чии победници одат директно на Ф-4 завршниот турнир.

ЖРK Вардар се наоѓа во групата „В“ заедно со екипите на ЖРК Стружанка од Струга и РК Овче Поле СУ од Свети Николе. Бидејќи сме носители поради есенскиот пласаман на табелата ќе бидеме слободни во ½-финалето. Ние во финалето од групата ќе го пречекаме победникот во дуелот на двете други екипи.

Начелно термин за одигрување е 6/7.март, за домаќинството дополнително ќе се одреди во контакт на федерацијата и екипите учесници во групата.