Следниот натпревар на Вардар во Лигата на Шампионите ќе биде на 18.февруари (четврток) на гостувањето кај екипата на Пик Сегед. Познато е дека првиот дуел одигран во Скопје го загубивме со резултат 26:28.
Натпреварот во Унгарија од страна на ЕХФ е поставен за меч на колото во ЛШ. Првиот дуел донесе квалитетна игра и голема неизвесност за победникот, сигурни сме дека така ќе биде и на дуелот во четврток.
Вардар ќе се обиде да ја прекина серијата од четири последователни порази, иако ќе биде тешко да се победи противникот на нивни терен.