Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на Кралевски се пласираа во големото финале, на турнирот во Охрид
Избраниците на Кралевски се пласираа во големото финале, на турнирот во Охрид

Избраниците на Кралевски се пласираа во големото финале, на турнирот во Охрид

После двете големи победи во групата, денес фудбалскиот клуб на Вардар со генерација родени “2006“ година играа во четврт-финалето и полуфиналниот дуел на турнир во Охрид. На двата меча забележаа триумфи и сосема заслужено се пласираа во големото финале, кое е на програмата утре со почеток од 13 часот против екипата на Форца.

Избраниците на Кралевски во 1/4 без поголеми проблеми го надиграа својот противник, екипата на Тотал фудбал со убелдив резултат од 6:0. Со половина од своите сили нашите надежи го надиграа противникот и се палсираа во полуфиналниот меч. Стрелци на головите беа: Михаил Танчев(2), Максим Цониќ, Дамјан Крстевски, Давид Голубов и Никита Патаровски.

Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Караорман, која ја совладавме дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 3:3. По изведувањето пенали, Вардарци беа подобри со резултат 3:2. Интересно е шо на полувреме имавме негатива од 3:1. Да се напомене дека во противничкиот тим настапија три деца родени “2004“ година. Тоа не ги обезхрабри нашите надежи кои покажаа карактер и пред се како треба да се бранат боите на клубот. Ја играа својата игра која им донесе израмнување во вториот дел, иако имаа можност да го завршат дуелот во своја корист и во регуларното време, но среќата не беше на нивна страна во тие моменти. Највеќе на овој полуфинален меч се истакна Дарко Сековски, секако со поддршката и помош од неговите соиграчи. Стрелци на головите беа Милош Спасовски, Дарко Сековски и Михаил Николов.

Утре ново големо финале за оваа генерација и можност за освојување на нов фудбалски турнир, кој би бил трет во низа за пулените на Игор Кралевски.