Утрово, вардарци заминаа за Охрид каде во наредниве три дена ќе се подготвуваат за дерби натпреварот против екипата на Пелистер, во рамките на првото коло од ПМФЛ.
Познато е дека се одложи стартот на пролетниот дел, поради обичните врнежи од снег, па црвено-црните добија дополнителни седум дена за подготовка.
Според информации вардарци ќе бидат сместени во хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“. За утре е предвидено да се одигра и пријателски натпревар, се уште не е познат противникот, додека во Охрид ќе се остане до петок.