Македонскиот шампион, Вардар 1961 отпатува за Сегедин за реваншот со Пик Сегед. Утрешниот меч ќе се игра со почеток 18:45 часот. Двајца играчи на црвено-црните дадоа видување за оваа средба во ЛШ.
Чупиќ: Првиот меч пред неколку дена беше неизвесен. Ние имавме предност во завршницата, но направивме глупости и промашивме зицери. Нашиот противник е квалитетен и тоа го искористи максимално. Знаеме дека е тешко да се игра во Сегедин. Нема многу време за плачење и за подготовка. Го почитуваме ПИК Сегед, но ние сакаме да играме подобро од Скопје. Очекуваме да ги задоволиме очекувањата на нашите навивачи.
Кантегрел: Мора да освоиме некој бод. До крајот на групната фза има уште пет меча, можеби и помалку со оглед на ситуацијата со Ковид. Така што нема да имаме многу можности за бодови. Ќе одиме таму во подредена улога, тие се фаворити. Таму нема да биде како овде, овде направивме грешки и загубивме, а таму би требало да биде малку полесно бидејќи одговорноста како домаќин е малку поголема. До победа би дошле преку одбраната и, можеби, ако поправиме некои ситни грешки, како промашени седмерци. Мислам дека квалитетот не ни е далеку од нивниот, мислам дека сме блиску до нив. Само да одиграме добро прво полувреме и добра одбрана и потоа ќе видиме, се може да се случи. Знам дека сме лути, дека сакаме да освоиме некој бод, но не можеме да губиме секаде. Во овој натпревар влегуваме со малку полесна улога, не сме фаворити