Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Сегед е фаворит, но ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат
Алушовски: Сегед е фаворит, но ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат

Алушовски: Сегед е фаворит, но ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат

Вардар денес ќе отпатува за Унгарија, каде утре ги очекува натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Пик Сегед. Противникот го доби дуелот кој се одигра пред три дена во С.Ц. Јане Сандански (26:28), а нашиот шампион се надева дека може да победи на теренот на противникот.

За овој дуел, своите очекувања ги изнесе и шефот на стручниот штаб, Стевче Алушовски кој го изјави следново:

„Следува ново соочување со ПИК Сегед. Анализиравме што треба да поправиме за овој натпревар, и во напад и во одбрана. Имаме мали проблеми со играчкиот кадар, Борко има повреда на коленото и речиси е отпишан за овој дуел. Меѓутоа, без секој се мора и се може. Ќе одиме на ова гостување без притисок, но не со бело знаме. Тие се фаворити, но ние не сме без шанси и ќе пробаме да се вратиме со позитивен резултат“,