Преземено од официјалната страница на Комити Запад:
Малиот Алек слави роденден. На прашањето каков подарок сака да му купат и која торта му е омилена, добиваат сосема (не)очекуван роденден.
“Не сакам подароци, сакам да го спасиме ВАРДАР”.
Родителите вчудоневидени од тоа како едно мало дете им дава толку одлучен одговор на едно вакво прашање. Повеќето од децата би одбрале телефон, таблет, можеби играчки, слатки, патување, веројатно би посакале и нематеријални нешта кои го исполнуваат секое дете. Но замислете едно дете да го одбере Вардар наместо многу нешта кои му се достапни на тој само еден ден во годината.
Родителите се одлучија, наместо торта и подароци да му подарат 47 карти за Спас на Вардар! Со тоа името на Алек го изгравираа на ѕидот на љубовта, покрај антологиските моменти на клубот и покрај славните имиња кои го носеа овој свет дрес.
Искреноста и љубовта секогаш се вистински вредности кои треба да бидат ценети и наградени.
Нека ти е Среќен роденденот Алек !
А родителите нека те чуваат и слушаат, и кога ќе дојде моментот повторно заедно со тато да дојдеш на Западната трибина. Ти уште од сега го заслужи своето место таму со својата одлучност, љубов и искреност, одлики на вистинските навивачи !
А до сите нас ова нека е вистинска поука, кога малиот но со големо срце Алек се откажува од својот роденден за ВАРДАР да биде спасен, тогаш сите ние можеме да се откажеме од една пијачка, цигари, кафе.
Да ја споделиме оваа чудесна приказна до што повеќе луѓе, за да допре до секое срце и секоја чиста душа, до целиот наш црвено-црн свет! Во негова и во чест на Вардар, да ја извршиме нашата должност.
https://mktickets.mk/event/vardar/
#ЦрвеноЦрни #ОдНозеМали #VardarChallenge