Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Дибиров: Веруваме во победа против Елверум
Алушовски и Дибиров: Веруваме во победа против Елверум

Алушовски и Дибиров: Веруваме во победа против Елверум

Утре, продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за РК Вардар. Прв пат сезонава ќе сретнеме со екипата на Елверум, актуелен шампион на Норвешка. Вардарци се обидуваат да ја прекинат лошата серија од пет последователни порази, па токму домашниот дуел со Елверум е шанса да се стигне до само вториот триумф сезонава.

Во победа верува и тренерот Алушовски кој ги искажа очекувањата за утрешниот натпревар во С.Ц. Јане Сандански.

„Не очекува пеколна недела, ќе треба да одиграме четири натпревари, два во Лигата на шампионите и по еден во СЕХА лигата и Купот на Македонија. Ние веќе сме сконцентрирани за сите. Одигравме два меча со ПИК Сегед, на кои бевме блиску до победа, но за жал не освоивме барем еден бод. Но, сега нема враќање назад, тоа е историја и се подготвуваме за Елверум. Знаеме за каква екипа се работи, таа не е наивна, а тоа го покажа на неколку натпревари во есенската полусезона и затоа не смееме да ја потцениме. Ја анализираме каква е нивната одбрана која е квалитетна и слична на таа скандинавска школа, со многу контакт и густина. Мислам дека знаеме и умееме да ја нападнеме и по два несреќни порази в недела да се радуваме на победа. Кога Вардар игра дома, секогаш е фаворит, но сега шансите за успех се многу поголеми за победа во однос на пратходниот натпревар што го игравме тука против Сегед“

Дибиров го потенцираше напредокот на Вардар на секој изминат натпревар. Што се однесува до нашиот следен противник, вели дека тоа е тим кој негува друг стил на игра од останатите екипи со кои се сретнавме сезонава. Но Дибиров е сигурен во триумф на својот тим.

„Најпрво сакам да кажам дека и покрај трите порази во низа, се гледа дека имаме напредок во играта од сите претходни натпревари. Против многу квалитетни ривали загубивме само со еден гол разлика. Од оваа гледна точка нашите амбиции растат. Од друга страна имаме притисок дека мораме да освоиме бодови и сега доаѓаат натпревари на кои ние планираме да победиме. Што се однесува до Елверум, со сите екипи што игравме досега имаат различен стил на игра. Елверум има доста поинаква игра од другите ривали, бидејќи играат малку поинаков ракомет, многу физичкис со многу интензитет. Ќе видиме како сме се подготвиле за овој натпревар. Сигурен сум дека конечно ќе влеземе во добра серија и ќе ја поправиме ситуацијата. Ништо не ја крева самодовербата како победа“

Утрешниот прв дуел на овие две екипи ќе се одигра со почеток од 16:00 часот, додека вториот натпревар исто така во С.Ц. Јане Сандански е закажан за на 24.февруари.