Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар беше на чекор до победа, но Елверум извади бод
Вардар беше на чекор до победа, но Елверум извади бод

Вардар беше на чекор до победа, но Елверум извади бод

Вардар повторно не успеа да победи, иако имаше и четири голови предност во завршниот дел од мечот, сепак Елверум на пет секунди пред крајот успеа да погоди за конечни 34:34. Вардар не искористи ниту 12 одбрани на младиот голман Кизиќ кој денес беше брилијантен на голот.

По 11 минути игра се играше гол за гол на двете страни, па резултатот беше израмнет на 7:7. Во отсуство на Јотиќ, одговорноста на позицијата среден бек ја превземе Анте Гаџа кој на стартот од мечот постигна четири гола, додека кај нас погодија уште и Чупиќ, Дисингер и Георгиевски, додека на голот беше Кантегрел кој имаше една одбрана до овој период од дуелот. На голот застана младиот Кизиќ, со оглед дека французинот остана на само една интервенција, а Вардар направи серија од 3:0 и со погодокот на Чупиќ од седум метри за прв пат во 16 минута имаме два гола позитива (12:10). Голманот на гостите му брани два удари на Дибиров, а Алверум се враќа во предност во 21 минута од мечот, кога резултатот беше 13:14. Тоа беше знак за Алушовски да побара тај-маут. Се играше брзо, а нападите на двете екипи завршуваа со брзи голови. Никако не можевме да направиме солидно водство, напротив Елверум одржуваше предност од еден гол. Убава вест за Вардар е тоа што Гаџа го има најдбриот дуел во црвено-црниот дрес, додека Кизиќ стигна и до втората одбрана, овозможувајќи на неговиот тим да поведе. Сепак норвешкиот тим на полувреме имаше минимално водство од 20:21.

151920853_10160302530910348_7588636256121529360_o

Двете екипи се менуваа во предност, но истата не беше поголема од еден гол разлика. Кизиќ стигна до нова интервенција, а одличниот Гаџа со својот осми погодок ни носи водство од 25:23 во 38 минута од натпреварот.Браво за младиот Марко Кизиќ кој покажува дека е голема иднина на македонскиот ракомет и Вардар. Кизиќ ја забележа и својата седма одбрана, а во игра го видовме и Талески. Елверум нема решение за Кизиќ кој стигна до својата 11 одбрана, а неговите соиграчи тоа максимално го користат поведувајќи со 29:25 во 49 минута од дуелот кој се игра во С.Ц. Јане Сандански. Не успеваме да погодиме во два напади, додека противникот реализира за намалување на 30:28 на седум минути пред крајот. Вардар од добиен натпревар се доведе во ситуација да трепери за бодовите, откако Елверум израмни на 31:31. Имавме шанса за плус два, но Стоилов не реализира. Во последниот напад, Елверум играше 7-6 и постигна гол со звукот на сирената за конечни 34:34.

Кај нас, Гаџа најефикасен со 8 голови, Чупи имаше 6, додека Столе 5 голови. Марко Кизиќ собра 12 интервенции.