Девојките на Жаклина Стојановска, денес (24/02/2021) ќе го одиграат првиот официјален дуел во новата година. ЖКК Вардар попладнево ќе ја пречека екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.
Дуелот кој е за нас прв натпревар оваа пролет, мечот од 9.коло ќе се игра во 17-00 часот во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје. Вардар е фаворит на овa соочување, на есенската средба со истиот ривал победивме со високи 49.поена повеќе. Триумфот на ова гостување во салата „Независна Македонија“ дојде со резултат 41:90
Судии на мечот за попладнево се делегирани: Н.Јовановски и К.Кестев