Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар тргна со бод, конкурентите за опстанок загубија во првото пролетно коло
Вардар тргна со бод, конкурентите за опстанок загубија во првото пролетно коло

Вардар тргна со бод, конкурентите за опстанок загубија во првото пролетно коло

Младиот тим на ФК Вардар со еден освоен бод го стартуваше пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Дербито со екипата на Пелистер кое се одигра на градскиот стадион заврши со нерешен резултат 2:2. Црвено-црните на два пати имаа предност со погодоците на Филип Петковски и Мартин Мирчевски, но противникот успеа на крајот да се избори за бод.

Главна цел на Вардар до крајот на сезоната ќе биде да се обезбеди опстанок во најсилната македонска лига. Можеби во прилог ни одеа и резултатите од останатите натпревари. Така Ренова загуби од екипата на Беласица, Силекс од Шкендија, како и Борец од тимот на Шкупи.

И покрај триумфот, Беласица остана „закована“ на дното на табелата со 12 бодови, додека Академија Пандев исто така се наоѓа во зоната на испаѓање со 17 бодови. Вардар е на плус осум од екипите на Пелистер и Ренова кои се наоѓаат на позициите кои ќе играат бараж за опстанок во ПМФЛ.

Како изгледа табелата после одигрување на првото пролетно коло, вкупно 19.сезонава

153985031_472966493715041_7881102263391066486_n

Двојките за следното 20.коло изледаат вака:

Шкендија – Вардар

Пелистер  Ренова

Беласица – Струга ТЛ

Македонија Ѓ.П – Борец

Шкупи – Академија Пандев

Работнички – Силекс