Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар денес со прв предизвик во 2021, домаќини сме на МЗТ
ЖКК Вардар денес со прв предизвик во 2021, домаќини сме на МЗТ

ЖКК Вардар денес со прв предизвик во 2021, домаќини сме на МЗТ

Девојките на Жаклина Стојановска, денес (24/02/2021) ќе го одиграат првиот официјален дуел во новата година. ЖКК Вардар попладнево ќе ја пречека екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.

Дуелот кој е за нас прв натпревар оваа пролет, мечот од 9.коло ќе се игра во 17-00 часот во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје. Вардар е фаворит на овa соочување, на есенската средба со истиот ривал победивме со високи 49.поена повеќе. Триумфот на ова гостување во салата „Независна Македонија“ дојде со резултат 41:90

Судии на мечот за попладнево  се делегирани: Н.Јовановски и  К.Кестев