Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шанса за поправен и конечно победа, Вардар денес повторно против Елверум
Шанса за поправен и конечно победа, Вардар денес повторно против Елверум

Шанса за поправен и конечно победа, Вардар денес повторно против Елверум

Нова шанса за Вардар да ја прекине серија од седум последователни натпревари без триумф во Лигата на Шампионите.

Вечерва со почеток од 18:45 часот повторно натпревар со екипата на Елверум, на кој нашиот шампион е условно гостин на овој дуел од групата А. Вардар никако да победи, иако имаше шанса на претходниот меч, токму против Елверум, сепак во последните секунди противникот се избори за голем бод од овој натпревар.

Алушовски никако да ги поврзе работите и да ја склопи потребната формула која е потребна за успех. Црвено-црните неможат да одиграат континурано добро во текот на сите 60 минути, а кои се пречините ги знае само нивниот тренер.

Вардар се бори да го избегне она последно место во групата, кое за противник во 1/8 финалето ни ја носи екипата на Барселона која ќе заврши како првопласирана во својата група. Доколку денес не се победи, многу ќе биде тешко до крајот да се избегне дното на табелата, можеби среќна околност ќе биде добивањето на службени бодови на гостувањата со Фленсбург и ПСЖ.

Вардар и денес најверојатно ќе биде без Јотиќ, како и без Ристовски, кои ќе го пропуштат и денешниот меч. Останува да видиме со каков резултат ќе заврши вечерашниот дуел кој ќе биде пренесуван на МРТ-1, ние се надеваме на победа за подигнување на самодовербата во продолжение од оваа натпреварувачка сезона.