Вчера на теренот во Марино, пријателски натпревар одиграа екипите на ФК Вардар и Кадино. Тимот на Вардар, со исклучок на голманот Игески, Велковски и Реџепи, беше составен од играчи кои се родени 2002 и 2003 година. Екипата ја предводеше Филип Ивановски и Бобан Грнчаров, додека присутни беа и Никола Илиевски, Саша Илиќ, Златко Таневски и Никола Глигоров. Мечот со второлигашот заврши реми, 1:1.