Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со најмлад тим пролетва – едвај 20 години во просек
Вардар со најмлад тим пролетва – едвај 20 години во просек

Вардар со најмлад тим пролетва – едвај 20 години во просек

Фудбалерите на Вардар оваа пролет во многу сегменти се на врвот во ПМФЛ, па така ,,црвено – црните” оваа пролетна полуетапа го имаат најмладиот состав со просек на години во лигата. Фудбалерите на Вардар, верувале или не се на просек од 20,3 години што е убедливо најмладиот помеѓу прволигашите.

Само за споредба, второто место го завзема екипата на Академија Пандев со просек од 23,4 години. Трите највозрасни екипи се Ренова и Силекс со 26,1 и Струга ТЛ со 26,7 години во просек. Исто така Вардар е на врвот кога се во прашање странците, бидејќи тимот нема ниту еден единствен странец во ростерот.

Фото: Кочо Сотировски