Избраниците на Стефче Алушовски, вечерва ќе го одиграат вториот натпревар против норвешкиот првак Елверум. Познати се почетните состави, нашиот тим на овој дуел од ЕХФ Лигата на шампионите нема да може да смета на повредените Борко Ристовски и Ловро Јотиќ, во ростерот не е и Марко Мишевски.
Мечот на кој сме „гости“ започнува од 18:45 часот истиот ќе се игра во нашиот дом СЦ „Јане Сандански“-Скопје.