И ако известивме дека првата „контролка“ ќе биде во сабота со тимот на ЖРК Куманово сепак додатно, е закажан нов пријателски дуел за вардарки. Девојките на Драгана Ристова и Александар Царчев ќе гостуваат кај тимот на ЖРК Чаир во истоимената скопска населба.
Ова ќе биде прв тест-дуел во новата 2021 година за ЖРК Вардар, напреварот со тимот кој е на позицијата пред нас на есенската табела е закажан за денес (25/02/2021) со почеток во 20:30 часот. Засега останува и договорот за втората пријателска средба со екипата која е лидер на табелата, тимот на Куманово за сабота, со почеток во 15-00 часот. Вардаровиот стручен штаб одбра два квалитетни противници за контролки, па на овие дуели ќе видиме до каде е подготвеноста на девојките за Куп и лигашките предизвици кои започнуваат иднот месец, март.