Saturday ,14 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Доминација! Повикани дури 13 „лавици“ за кадетската репрезентација на Македонија
Доминација! Повикани дури 13 „лавици“ за кадетската репрезентација на Македонија

Доминација! Повикани дури 13 „лавици“ за кадетската репрезентација на Македонија

Одлична вест пристига за нашиот кадетски состав, од ЖРК Вардар има повикано дури 13 девојки за селекцијата на Република Македонија. Во сабота во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се соберат потенцијалните кадетски репрезентативки на земјава.

Повикани се 40.сетина девојки на овој поширок список, 30%  од имињата на истиот се црвено-црни. Добрата работа на Платон Анжела и Папуџиева Марија допринесе за ваквата доминација на овој список за селектирање за селекцијата до 17 години (кадетска) која ја очекува настап на ЕХФ Шампионат.

Кадетската женска репрезентација на Македонија ќе настапува на ЕХФ шампионатот во Литванија (7-15 август). Истиот ќе се игра  во градот Клаипеда. По групната фаза ќе се играат натпреварите за пласман и полуфиналињата, а доколку Македонија се пласира во финалето, ќе обезбеди место и за кадетките и за младинките ранг погоре, на следното ЕП, како и на следното СП во кадетска конкуренција во 2022 година. Ние сме во Групата-А која изгледа вака:

ГРУПА А: Шпанија, Литванија, Македонија, Финска, Косово, Велика Британија

За во сабота повикани се голманското дуо, пикерскиото трио кое игра неколку години заедно, три крила и останатите се од бековската линија. Наскоро кога ќе се официјализира списокот ќе ги објавиме конкретните имиња на повиканите девојки.