Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го „скрши“ мразот, црвено-црните стигнаа до вториот триумф сезонава во ЛШ
Вардар го „скрши“ мразот, црвено-црните стигнаа до вториот триумф сезонава во ЛШ

Вардар го „скрши“ мразот, црвено-црните стигнаа до вториот триумф сезонава во ЛШ

Вардар не потсети како се победува. Вечерва во С.Ц.Јане Сандански нашиот шампион по голема борба ја победи екипата на Елверум. Иако на полувреме имавме негатива од три гола, сепак на крајот успеавме да славиме 32:35.

Вардар беше тимот кој во 5.мин прв успеа да поведе со два гола разлика, откако погоди Дибиров за 2:4, но во наредните пет минути, екипата на Елверум направи пресврт и поведе со 6:5. Вардар и на овој дуел играше лошо во одбраната, за што говори фактор дека за само едно полувреме нашиот состав прими 20 погодоци. Едноставно противникот брзо ги решаваше своите напади со само неколку додавања, противничките ракометари успеаа да реализираат. Благодарение на неколку одбрани на Кизиќ, црвено-црните со головите на Калараш и Дибиров поведоа и со три гола разлика (6:9). Тренерот Алушовски наметна игра во напад без голман, што немилосрдно го казнуваше противникот, кој влезе во серија од 4:0 за нова предноста од 10:9, додека лошиот период го прекина Дисингер кој го израмни резултатот. Вардар немаше решение за голманот на Елверум, Торстен Фрис, кој со своите 10 одбрани беше најзаслужен за предноста на својот тим во првиот дел. Со голот на Петерсен во 22 минута, шампионот на Норвешка поведе со 14:12, додека во 27 минута имаа и највисоки 18:14. До крајот на првиот дел, Вардар го намали резултатот на 20:17. Повторно ќе напоменеме Вардар игра слабо во одбраната, останува да видиме како ќе тече вториот дел.

154230636_10160311343180348_8058025941671921210_o

Вардарци се обидуваат да ја пронајдат својата игра и да ја превземат предноста. Со голот на Чупиќ, црвено-црните намалија на 24:23, но се уште Елверум има контрола на резултатот. Сепак, нашиот шампион влегува во серија на погодоци и преку Шеваљевиќ и Георгиевски поведуваат со 24:25 во 40 минута. Не ги користиме одбраните на Кантегрел кој влезе во серија од три интервенции, но Елверум го врти резултатот и поведува со 29:27 на 11 минути пред крајот на мечот. Чупиќ не погодува од седум метри, противникот има водство од 32:20 во 56 минута. Каква серија од 0:3 за црвено-црните, за водство од 32:33 на 90 секунди пред крајот на натпреварот. Победа за Вардар со резултат 32:35.

Ова е втора победа сезонава во ЛШ за тимот на Вардар. Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со 9 и Георгиевски со 6 голови.